Скопје ковид „бомба“

од Берта Китинска

Отворен е нов пункт за правење ковид – тестови, во рамки на институтот за јавно здравје, за да се намали чекањето и да се забрза процедурата на земање брисеви, како и ставање во функција на уште еден дополнителен пункт во населбата Ѓорче Петров, најави претседателот на комисијата за заразни болести Жарко Караџовски.

Регистрирани биле 3.410 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, што претставува зголемување од 27,4 отсто во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.654; 48,5%), каде е забележана и највисока неделна инциденца – 267,8/100.000.

Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 24 проценти.

-Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст 30-39 (n=750, 22,0%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од над 60 (n=673; 19,7%), 40-49 (n=632; 18,5%), 50-59 (n=595; 17,4%) и 20-29 (n=539; 15,8%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=72; 2,1%) и 10-19 години (n=149; 4,4%), соопштуваат од Министерството за здравство.

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.695 (49,7 отсто) лица од женски и 1.715 (50,3 проценти) од машки пол. Од случаите, епидемиолошки се истражени 555 или 16,3 отсто.

Слични содржини