Скопје ЗОО: Верверичките си направија празнична велигденска гозба (ФОТО)

од Берта Китинска

И животните од Скопје ЗОО  денекса си се направија празнична велигденска гозба.

-Воедно тие се приклучија во спасување животи. Тие ги учат не само најмалите туку и возрасните како периодов да функционираме на социјална дистанца и како да се однесуваме. Кога одите во маркет, кога чекате ред пред аптека или банка или пак кога комуницирате со повеќе луѓе-два метри растојание може да спасат многу животи. Да ги почитуваме препораките на Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë и да се заштитиме и себеси, но и другите околу нас. Држи растојание од ДВА МЕТРИ и спаси живот, велат од скопската Зоолошка градина.

Слични содржини