Советот на Град Скопје по барање на такси компании и здруженија, донесе одлука за изменување и дополнување на Одлуката за авто-такси превоз на патници на подрачјето на градот Скопје, подржана од речиси сите советнички групи.

Со оваа одлука се воведуваат три тарифи за пресметување на цената на авто-такси превозот, помеѓу кои, компаниите ќе можат самите да одлучат по која тарифа ќе ја пресметуваат цената на превозот, без оглед на цената на горивата, известуваат од Град Скопје.

Според новата одлука, Тарифа 1 ќе биде 40 денари за старт на превоз, 25 денари за секој изминат километар и 300 денари ќе биде за чекање во место за еден час. За Тарифа 2 цените по истиот редослед ќе бидат 50 денари со 30 и со 420 денари, додека за Тарифа 3 цените ќе бидат 60 денари старт со 35 денари километар и 420 денари стоење во место.

Слични содржини