Скопските возачи во натпревар – кој е поголем „фраер“?

од Берта Китинска

Низ социјалните мрежи кружат видеа од сообраќајни прекршоци кои најчесто се направени во главниот град.

Минатата недела беше објавено видео на кое беше снимен возач на автомобилот марка „бентли“ кој со поголема брзина се движеше низ скопскиот плоштад, притоа загрозувајќи ја безбедноста на граѓаните.

Тој веднаш беше пронајдет и казнет., а потврда за ова стигна и од скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кој на социјалните мрежи објави фотографија од записникот кој му е врачен на сторителот.

-Во Скопје никој не е и никогаш нема да биде над законот!Благодарност до МВР за брзата реакција. На сопственикот на Бентлито кое вечерва се движеше на градскиот плоштад му е врачен записник за сторениот сообраќаен прекршок, напиша Шилегов.

На истата може да се забележи дека лицето  е казнет според членот 187, став 6 од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата.Односно парична казна о д45 евра.

По неколку дена се појави ново видео од Тик ток, кој за да не чека во колона реши со својот автомобил да вози по вело патеката на 8-ми Септември.И ова лице беше идентификуван, казнет од страна на МВР, казнет од Град Скопје, возилото времено одземено…

Возачот на Опел е новиот кандидат за парична казна од 45 евра.

Вчера беше објавено видео кое го постираше новинарот Фуркан Салиу, се забележува дека возило со скопски регистарски таблички е „паркирано“ на плоштад Македонија, додека пак возачот е клекнат на колена, се моли и крсти пред споменикот на цар Самуил.

Засега нема официјални реакции од надлежните за последниот случај од трендот на влетување со автомобил на градскиот плоштад.

Слични содржини