Скопските земјотреси го наполнија Охрид

од Vladimir Zorba

09_620x0

Многумина повозрасни скопјани, главно пензионери и пензионерки, дојдоа во Охрид за да ги избегнат стресовите од серијата земјотреси, на сè уште несмиреното скопско епицентрално подрачје.

Се работи, главно, за сопственици на викендички и на викенд-станови, кои по летниот одмор заминуваат со крајот на летната сезона и на почетокот од училишната година.

Овој септември тие се вратија во Охрид, а тоа може да се забележи по шеталиштата, кафулињата, викенд-населбите и во надезерското село Велестово.

Во прилог им оди и убавото време со речиси летна дневна температура, како и сè уште топлата езерска вода./Meта

Слични содржини