Скоро девет илјади нови случаи на корона во Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Бројот на регистрирани случаи на Ковид 19 во Русија се зголеми за 8.945, така што од почетокот на пандемијата на коронавирус тој изнесува 1.185.231, објави Оперативниот штаб за борба против котонавирусот, пренесе „Спутник“.

Од оваа бројка, 27,1 процент (2.426 случаи) се без клинички манифестации. Најголем број нови случаи на корона е регистриран во Москва и Санкт Петербург.

Во последните 24 часа, уште 169 лица починале како последица од коронавирус, а од почетокот на пандемијата, 20.891, се додава во соопштението на Оперативниот штаб.

Слични содржини