Скоро половина милион од населението во Србија е вакцинирано против ковид

од Берта Китинска

Досега 437.380 граѓани се вакцинирани против коронавирус во Србија, пишуваат српските медиуми.Во Европа, Србија е втора по бројот на вакцинирани на милион жители, веднаш по Велика Британија. После Србија се Малта, Исланд, Данска, Словенија, Романија, Ирска, Шпанија и Португалија.

Кога станува збор за регионот, Србија е на прво место по бројот на вакцинирани на милион жители. Следуваат Словенија, Романија, Унгарија, Хрватска и Бугарија.Според вкупниот број вакцинирани, Србија е на второто место во регионот, по Романија.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утрово објави дека до крајот на март и февруари во Србија треба да пристигнат уште милион дози вакцини.

Слични содржини