Скриена камера со Пандев: Се исплаши дека е продаден во Индија (видео)

од Nikola Popovski

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев бил „жртва“ на скриена камера на италијанската телевизија Медиасет. Тој се исплашил дека клубот решил да го продаде во Индија, а целата работа му ја сместиле соиграчот и добар другар Доменико Кришито и менаџерот на Пандев, Леонардо Корси..

Пандев во прв момент мисли дека е шега, но Корси продолжува да му објаснува детали од трансферот, дека ќе игра за клуб по име Ченаијин и дека за три години ќе добие 72 милиони евра плус бонуси од 10 милиони евра во зависност од резултатите.

Горан Пандев и понатаму не може да поверува и во еден момент вели: „Ма каков Ченаијин, каква Индија! Попрво ќе си пукам во уста“.

Да биде поинтересна, во целата приказна се вклучуваат и навивачите кои за брзо се појавуваат со транспаренти пред куќата на Пандев и скандираат: „Пандев предавник!“. Македонскиот репрезентативец им објаснува за што станува збор, па по извесено време се појавува и водителот на шоуто „Скриена камера“ објаснувајќи дека се работи за шега.

Погледнете го целото шоу ТУКА.

Слични содржини