Скрининг: 31% од анализираните го прележале Ковид-19, потребни се 70% за колективен имунитет

од Nikola Popovski

„Со скрининг по случаен избор стигнавме до бројка од 31 процент луѓе со имунитет кон Ковид-19, што не е ниту добра, ниту лоша. Тоа покажува колку луѓе во изминатиот период се сретнале со вирусот, го поминале и сега имаат имунитет“, вели Александар Петличковски, кој е директор на Институтот за имунобиологија.

Според него, со оваа стапка на нови инфекции, брзо ќе се пополни таа бројка од 70 проценти за колективен имунитет.

„Сепак поентата е да дека помладите од 30 години се со повисока стапка на помината инфекција, односно 39 проценти, што би било важно за насочување на таргет групите и популации за вакцинирање“, потенцира Петличковски, гостувајќи во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини