Скринингот започнува идната недела: Со дозвола од родител ќе се зима брис од децата

од Берта Китинска

Скринингот за присуство на КОВИД-19 кај учениците ќе се спроведе  наредната седмица поради подолгото траење на анализата за опфатот на основците и средношколците.

–  Не е ништо страшно, обичен брис се зема, за да видиме дали ќе откриеме асимптоматски носители на вирусот. Требаше да започне скринингот оваа недела, претходна да биде завршен. Меѓутоа, нешто подолго потрае анализата на бројот на учениците во училиштата, основни и средни. Така што, со оглед на тоа што сега е готова методологијата, од утре ќе почнеме да бараме заедно со МОН писмена согласност од родителите согласно методологијата. Јас верувам дека до крајот на оваа, почетокот на следната тоа ќе се обезбеди, за да од следната недела се спроведе скринингот, рече Филипче.

Подготвена е методологијата и од денеска ќе почне да се бараат согласности од родителите за тестирање на нивните деца со земање брис. Случајно ќе бидат избрани 8200 ученици преку Е-дневник.

Целта на скринингот е да се добијат податоци дали има асимптоматски случаи и ширење на вирусот во училиштата. Филипче вчера соопшти дека епидемиолошката состојба кај најмладите  е мирна и нема заболени и хоспитализирани деца.

Слични содржини