СКСЗМ: Ќе дадеме конкретни предлози до партиите во која насока треба да се работи за да се забрза економскиот развој

од Vladimir Zorba

Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија во пресрет на изборите, без разлика дали се тие локални или парламентарни, има покането и реализирано средби со најрелевантните политички субјекти во земјата, каде ја има претставено својата платформа. И оваа година, СКСЗМ подготви платформа за локален економски развој на Северна Македонија, врз основа на анализи и истражувања, како и врз основа на деловните проблеми со кои се соочуваат секојдневно, соопштија оттаму.

Оваа платформа е подготвена врз основните начела како што се транспарентност и отчетност, ефикасност на општинската администрација, развој на локални бизниси и модерна и функционална инфраструктура. Истата е составена и од важни точки како што се законодавството, реформи во институциите, развојот на локалната економија, инфраструктурата и животната средина, земјоделството, развојот на летниот и зимскиот туризам, како и транспарентност и отчетност.

Во наредниот период, СКСЗМ ќе ги пречека сите лидери на политичките партии што ќе учествуваат на овие локални избори, почнувајќи со коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива, ВМРО-ДПМНЕ, Движење Беса, СДСМ, итн. Целта на овие средби е да се дадат конкретни предлози во која насока треба да се работи во следните 4 години, со цел да се забрза економскиот развој во земјата.

Преку овие средби, СКСЗМ продолжува со нејзиното влијание, со единствена цел да го подобри екосистемот на водење бизнис во нашата земја, каде што истото се докажа со нејзиното активно учество во подготовката на анти-ковид мерките во последниот период, се додава во соопштението.

Слични содржини