СКСЗМ: Косово ја ограничува слободата на движење, мерките се дополнителна бариера за бизнисите и економијата

од Vladimir Zorba

Во координација со Албанскиот економски форум, Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија изрази загриженост за одлуката на Владата на Косово „За општи и посебни мерки за контрола, спречување и борба против пандемијата COVID-19“, која стапи на сила на 22 јануари 2022 година.

Оваа одлука, меѓу другото, вклучува и нови мерки за влез и излез на граѓани во и од Косово, со потврда за вакцинација од три дози против КОВИД-19 или потврда за вакцинација со две дози против КОВИД-19 заедно со тестот RТ- PCR негативен, направен не порано од 48 часа пред поаѓање.

Мерките за влез и излез на граѓаните во Косово значително ја попречуваат слободата на движење, бидејќи голем дел од граѓаните не можат да ја земат третата доза бидејќи не поминало доволно време од втората доза (6 месеци).

„Со оглед на фактот дека нашите економии се последователно на удар од кризите што ги зафатија, сметаме дека оваа мерка е дополнителна бариера за бизнисите и економијата воопшто, не дозволувајќи слободно движење на луѓе, стоки и услуги, што не е во линија со економската логика во овој период. Изразувајќи го нашето разбирање за епидемиолошката состојба, ја повикуваме Владата на Република Косово да ја преиспита оваа одлука без да го попречува слободното движење на граѓаните во нашиот регион и без дополнително да го оштети гастрономскиот сектор“, додаваат од СКСЗМ.

Слични содржини