Скубе со асистенција, Дибиров со гол: Вардарци го имаат најатрактивниот гол во ЛШ (видео)

од Nikola Popovski

Вардар одигра перфектен меч против Мотор Запорожје и го обезбеди пласманот во осминафиналето на Лигата на шампионите, но за таа брилијатна партија дојдоа и индивидуални признанија од ЕХФ.

Тимур Дибиров е стрелец на најубавиот гол во 12. коло на Лигата на шампионите. Медиа тимот на ЕХФ го награди ремек-делото на Сташ Скубе и Тимур Дибиров, прогласувајќи го за најубав гол на колото.

По 12 одиграни натпревари Вардар е на петтото место и веќе има обезбедено место во следната фаза меѓу најдобрите 12 екипи во ЛШ. Тие ќе играт во осмина-финалето со ривал од група А. До крајот н агрупната фаза остануваат уште две кола, следниот викенд гостуваме во Португалија кај Порто, а потоа на крај го пречекуваме Монпелје.

Слични содржини