Скудетото е нашата голема цел, а ЛШ е само сон, вели Сари

од Vladimir Zorba

Тренерот на италијанскиот шампион Јувентус, Маурисио Сари даде филозофски коментар по успехот над СПАЛ со 2:1 синоќа.

Тимот од Торино одигра добар натпревар и на крајот дојде до успех, откако има 4 бода предност пред вториот Интер во врвот на пласманот.

„Нашата цел е Скудето, а Лигата на шампионите е само сон“, прокоментира искусниот тренер за печатот по натпреварот.

„Во животот, сепак, понекогаш е добро да ги гониме нашите соништа без да ги постигнеме нашите цели. Проблемот со најкомерцијалниот турнир е што секој натпревар може да биде пресуден, но на крајот ќе видиме што ќе се случи. Победата над СПАЛ е пријатна. Противникот се обиде да не спречи, но на крајот остваривме важна победа“, додаде тој.

Слични содржини