Слаткаристика ветува одлична забава на Мозаик 2020! (ВИДЕО)

од Elena Daskalova

Под мотото „Заедно сме посилни“, домашната естрада се обединува на заедничкиот целовечерен фестивал „Мозаик 2020“.

На 28-ми февруари во СЦ „Борис Трајковски“, посетителите ќе имаат можност да уживаат во петчасовен музички спектал и да слушнат дел од најголемите домашни ѕвезди. Свои концерти во иста вечер ќе имаат чаирскиот романтичар Владо Јаневски, највлијателниот хип хоп артист и кралот на ромската музика-Слаткаристика и Ферус Мустафов, еден од најактуелните хип хоп и рап музичари – Сам, легендарните рокери „Елита 5“ и групата „Нокаут“ кои со својата временска машина ќе не прошетаат низ нивната 22 годишна музичка кариера. Фестивалот „Мозаик 2020“ ќе започне во 20:00, а ќе трае пет часа.

Миленикот на хип хоп заедницата и еден од најпознатите македонски музички артисти- Слаткаристика во видео порака ветува одлична забава на МОЗАИК 2020. По Скопје, концертната турнеја продолжува во Прилеп и Куманово.

Слаткаристика ветува одлична забава на Мозаик 2020! 🎵🎶🎤 Slatkaristika (Official)

Публикувахте от Mosaic Festival в Понеделник, 24 февруари 2020 г.

Слични содржини