Славен фудбалер го победи ракот по 10 години борба

од Vladimir Zorba

Брајан Лаудруп, поранешен репрезентативец на Данска, се излечи од рак по 10 години борба.

Поранешниот офанзивен играч беше дијагностициран со фоликуларен лимфом во 2010 година – бавно растечка форма на рак на крв, а по една деценија животна борба следеа добри вести.

„Денес, по 10 години лекување и прегледи, конечно излекував фоликуларен лимфом. Голема благодарност до овој неверојатен и прекрасен медицински персонал на „Ригшоспиталет“, напиша поранешниот фудбалски ас на својот профил на Инстаграм.

Лаудруп одигра 82 натпревари за данската репрезентација, за кои постигна 21 погодок.

Во својата кариера играше за Брондби, Баер Ирдинген, Баерн Минхен, Фиорентина, Милан, Глазгов Ренџерс и Челси.

Слични содржини