Славески апелира на државна реакција за намалување на загаденоста на воздухот

од Nikola Popovski

Во однос на барањето на советниците на СДСМ за свикување на вонредна седница на која ќе се дискутира за препораки во борбата против загадениот воздух во текот на денешниот ден од кабинетот на градоначалникот добив писмен одговор и мислење за предложените препораки и се изразува уверување дека градот Скопје веќе превзема голем дел на срднорочни и долгорочни мерки во борбата против загадениот воздух, истакна денеска претседателот на Советот на град Скопје, Трајко Славески.

Тој напоменува дека не е собран потребниот број на советнички потписи за свикување на вонредна седница пропишан со Деловникот на Град Скопје и нема услови за свикување на истата.

-Како прв меѓу еднаквите во Советот апелирам да се воздржат партиите од правење на политика и терање на популизам на една ваква чуствителна тема која ги засега сите граѓани на главниот град. Апелирам на соодветна државна реакција, каде ќе биде имплементирана координирана акција на сет од мерки за намалување на загаденоста на воздухот која подеднакво сите не засега, порача Славески.

Координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева денеска информира дека на иницијативата поддршка со свои потписи дадоа и советниците од политичките партии ДОМ и ЛДП.

-И претседателот на Советот Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ прифаќа дел од мерките и смета дека тие можат да помогнат во намалување на загадувањето. Согласно Деловникот за работа на Советот, ако на иницијатива за вонредна седница се потпишат една третина, односно 15 советници, седницата мора да се одржи. Оттука, ги повикуваме советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на ДУИ, како и советниците од Зелен хуман град да дадат поддршка и да се потпишат на иницијативата, за седницата се одржи што поскоро, рече Јанчева и побара да се остави на страна дневната политика.

Слични содржини