Славески: Чекаме мислење од Арсовска за барањето за итна вонредна седница посветена на загадувањето

од Nikola Popovski

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески денеска информираше дека не е комплетно барањето на советничката група на СДСМ за одржување на итна вонредна седница посветена на загадувањето на водухот во Скопје.

-Не е задоволен условот да има најмалку 15 членови на Совет или една третина кои бараат таква седница. И без таков услов, јас тоа барање го препратив до градоначалничкатта Арсовска со молба за мислење по сите седум иницијативи од подносителите на ова барање. Синоќа по порака од неа бев известен дека во текот на денов треба да добијам мислења на Град Скопје по изнесените барање. Засега такво мислење немам добиено, рече Славески.

Тој додаде дека доколку добие мислење од градоначалничката ќе постапи според Деловникот и ќе договори за датум за таквата едница.

-Голем дел од проблемите со загадувањето на воздухот бараат долгорочен пристап, кажа меѓу другото Славески.

 

Слични содржини