Славески: Ми приоѓаат вработени кои велат дека се малтретирани од Арсовска

од Nikola Popovski

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески вечерва информира за проблем oколу третманот на вработените во јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

-Јас добив пред неколку дена допис за информирање како претседател на Советот на Град Скопје. И таму ги има подетално овие наводи што се кажуваат. Морам да истакнам дека речиси целиот овој период по стапувањето на должност од страна на градоначалникот Арсовска, особено во последниот период стигнуваат вакви жалби од вработени не само во јавните претпријатија, туку посебно од сменетите и новоназначени В.Д. директори. Ние сме подготвени во рамките на надлежностите на Совет ако треба ќе формираме и посебно тело, комисија, некој вид на омбудсман да ги сослушаме жалбите на вработените, рече Славески.

Според него, преку Управните одбори Советот може да побара дополнителен извештај, искази или сослушување на вработените.

-Во последните месец дена ми имаат пријдено можеби десетина вработени од раководители до некои да речам службеници на Град Скопје кои што се да речам на пониски позиции, луѓе во тешка психичка состојба кои што дошле да ме информираат дека се малтретирани од страна дали е на градоначалник, или од новоназначениот секретар на Градот. Јас ги прибирам информациите и сослушувам. Јас тоа го споделив со неколку советници за да најдеме законска можност. Дали тоа би го предложил на следната седница или може да формираме некоја комисија која што ќе ја утврди фактичката состојба со третманот на администрацијата во Град Скопје. Затоа што градоначалникот и секретарот  тука се неприкосновени, значи со еден потег, ако некој поради една или друга причина не им се допаѓа, ги исклучуваат од електронски пристап до нивните податоци и мејлови, појасни Славески во гостувањето на вестите на Тв Сител.

Слични содржини