Славески најави тужба против Арсовска оти изнела лага дека барал скап автомобил

од Nikola Popovski

Претседавачот со Советот на град Скопје, Трајко Славески денеска најави дека најверојатно ќе поднесе тужба против градоначалничката Данела Арсовска бидејќи „изнела лага дека барал скап автомобил“.

-Ќе треба да докажете најверојатно. Тоа го кажавте во Канал 77 во емисијата „Стадион“ и ќе треба да докажете каде и кога. Единствено што јас овде земав збор кога вие отстапивте возило на ЈСП Скопје. Тоа ќе го расчистиме на друго место. За такви ситни подвалувања немаместо овде. Вие дома можете да ставате камери и звучници. Ова што сте го направиле на оваа седница е приватна работа, да немам контрола врз она што го зборуваат советниците. Треба да станам и да ви го одземам микрофонот како што направи советникот и да играме овде циркус, рече Славески во обраќање на вонредната седница во Советот на град Скопје по повод решавање на проблемот со платите во ЈСП Скопје.

Славески појасни дека во имотниот лист има пријавена црна лимузина, која што е „повеќе од сите ваши возила“, обраќајки ѝ се на Арсовска.

Слични содржини