Славески: Намалувањето на акцизата е комплициран модел на Ковачевски

од Nikola Popovski

Наместо да го прифати предлогот за намалување на акцизата кај нафтените деривати, како што предлага ВМРО-ДПМНЕ, со што цената на бензинот од утре би се намалила за 13 денари, а на дизелот за девет денари, премиерот Ковачевски денес предложи комплициран модел за намалување на акцизата кој не само што не го разбра јавноста, туку и не гарантира дека ќе придонесе за намалување на малопродажната цена на горивата, смета професорот Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, ако мерката за намалување на акцизата е премалку, ова намалување на ДДВ сигурно доаѓа предоцна.

-Покрај ова, некои мерки кои одамна се во сила, беа промовирани како нови, како што е на пример додатокот за енергетска сиромаштија кај примателите на социјална помош и слично, изјави Славески на прес-конференција.

Тој додаде дека ДУИ и СДСМ и сега покажуваат целосна отсутност од реалноста, што и ја однесе Македонија во толку длабока криза. Според него, оние кои се главните предизвикувачи на кризата не може да бидат дел од решението.

Премиерот Димитар Ковачевски најави дневно менување на цените на горивата.

-Намалување на акцизата за 1, односно 2, односно 4 денари по литар на безоловниот бензин, на гасното масло како погонско гориво – дизел и на гасното масло како гориво за греење – екстра лесно масло за греење, во случај средната дневна берзанска цена за предметните енергенти на котација Mediterraneans Cargoes Fob Italy од Platts European Marketscan да е повисока од 800 американски долари за тон, но пониска или еднаква на 1 000 долари за тон односно повисока од 1 000 долари за тон, но пониска или еднаква на 1 200 долари за тон, односно да е повисока од 1 200 долари за тон, рече Ковачевски.

Слични содржини