Славески: Несериозен пристап е носењето и повлекувањето на автобусите на ЈСП од пред Влада

од Nikola Popovski

Претседателот на Советот на град Скопје, Трајко Славески вели дека во моментов нема информации како е реалната ситуација во ЈСП Скопје и колку средства има претпријатието на својата сметка.

-Овие средства што се одобрија сега се доволни за следните три месеци. Еден несериозен пристап е носењето и повлекувањето на автобусите на ЈСП од пред зградата на Владата, наведува Славески.

Тој вели дека „има чувство дека градоначалничката Арсовска не прави разлика меѓу функциите управување и работење“.

-Ова со ЈСП Скопје за нас дојде сосема неочекувано. Ние секојдневно не знаеме што се случува во јавните претпријатија, рече Славески во вестите на Тв Сител.

Според него, „Арсовска не сакала ни да мрдне со прст околу состојбите во ЈСП Скопје“.

Слични содржини