Славески: Предлогот мерките на Владата се недоречени и конфузни (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

„Јасно е веќе на сите дека мерките доцнат, а стопанството и граѓаните непотребно се изложени на непредвидливост“, вели денеска Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ по повод вториот сет мерки од страна на Владата и нејзиниот економски тим предводен од СДСМ за справување со економската криза како резултат на пандемијата.

„Уште на почетокот на март, ние ги и препорачувавме на Владата под итно да подготви план за справување со надоаѓачката рецесија. Владата на СДСМ ги отфрлаше ваквите апели како преуранети. Јасно е дека јавноста се увери дека тоа не беа обиди од страна на ВМРО-ДПМНЕ за прибирање на политички поени. Напротив, ние искажувавме, и сеуште искажуваме сериозна загриженост за несериозноста и неспособноста на владата да се справи со кризата која што ни престои“, смета Славески.

Предлогот мерките, според него, се „недоречени и конфузни“.

„Освен за вработените во јавниот сектор, барем на почетокот од обидите за справување со кризата, не постои граѓанин или претпријатие во Македонија на кои им е јасно дали, кога и на кој начин ќе бидат потпомогнати со некои од мерките што ги предлага Владата“, вели Славески.

Слични содржини