Славески свика итен состанок околу испраќање хуманитарна помош за Турција

од Nikola Popovski

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески изрази длабоко сочувство до семејствата на настраданите од земјотресот во Турција и Сирија.

-Молитвите во овие тешки моменти се со пријателските народи на Македонија кои се зафатени од разорен земјотресот.

Во договор со советничките групи и градоначалникот Данела Арсовска како претседателот на Совет свикав итен состанок на Координативното тело на Совет на кој ќе се согледаат сите можности за испраќање хуманитарна помош, за што Совет ќе донесе одлука на итна вонредна седница што ќе се закаже за во најкус можен рок, соопшти тој.

Десетици земји и организации понудија помош во спасувањето и потрагата по преживеани во Турција и Сирија по разорните земјотреси во регионите на тие земји во кои загинаа повеќе од 1.600 луѓе.

Слични содржини