Славевски: ВМРО ДПМНЕ прави се за да се реализира петтиот пакет економски мерки

Во своето гостување во дневникот на „Сител“, професорот Трајко Славевски и член на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, посочи дека партијата прави оддамна се за да се реализира петтиот пакет мерки. Истакна и дека има индустрии кои се доста погодени и за нив треба да се размислува за дополнителна помош.

„Секогаш треба да ја гледаме локомотивата а тоа се извозно ориентираните сектори. Требаше многу посериозна стратегија не само за економијата туку и за здарвството. Се беше водено од политиката гледано низ призма на избори, на попис“, истакна Славески.

Како што посочи Славевски, министерот за здравство Филипче треба да го следи примерот на австрискиот колега.

„Тој треба да замине од функцијата, а на негово место да дојде нова посвежа личност, затоа што се направени огромни грешки досега“, рече Славески.

Тој се осврна и на концептот на прогресивен данок.

„Владеачката СДСМ која го форсираше концептот на прогресивен данок и нивната анализа покажа дека не само што немало позитивни, туку имало и негативни ефекти. Многу непромислено ако се мисли пак на ваков концепт, треба да се размислува на пример за намалување на сива економија, има простор за тоа“, рече Славески.

Слични содржини