Славниот холивудски пар одлучил дека богатството нема да им го остави на своите деца

Актерскиот пар Ештон Качер и Мила Кунис веруваат во напорната работа и поради тоа не планираат на своите деца да им остават никакво наследство.

Ештон и Мила заедно се од 2012 година, а во брак од 2015 година. Имаат мирен и складен брак кој го држат далеку од очите на јавноста, а исто така своите синови не ги покажваат во јавноста.

Во поткастот „Armchair Expert“ Ештон објаснил зошто неговите синови нема ништо да наследат.

– Моите деца живеат привилегиран живот, а тоа не ни го знаат. И никогаш нема да дознаат бидејќи нема ништо да им остават. Сите пари ќе ги оставиме на хуманитарни здруженија – рекол Ештон.

Но додал дека нема потполно да ги остави, туку ќе вложува во нивните проекти.

Слични содржини