СЛЕДЕЊЕ НА НОВИОТ ВИД КОРОНА: Ефикасна работа на Американскиот центар за контрола и превенција на болести

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦНЦ) ги засилува напорите за следење на мутациите на коронавирусот и зачувување на ефикасноста на медицинските третмани против новиот вид што пристигна од Велика Британија. Сето ова за да се постигне колективен имунитет што е можно поскоро, соопштено е од оваа институција.

Рошел Валенски, новата директорка на ЦНЦ, која ја презеде функцијата веднаш по инаугурацијата на претседателот Џо Бајден, посочи дека главната причина за бавната дистрибуција на вакцините е збунетоста со пописот на залихите наследени од администрацијата на Трамп, пренесува „Ројтерс“.

„Фактот дека денес, петти ден од новата администрација на САД, не знаеме колку вакцини имаме, јасно ја отсликува сериозноста на предизвиците што ги наследивме“, рече Валенски во интервју за „Фокс њуз“.

Таа изрази уверување дека новата американска администрација многу бргу ќе ги реши сите наследени проблеми со дистрибуцијата на вакцините.

Слични содржини