Следи масовно тестирање на јавни личности: Епидемиолошката служба сега ги бара сите кои биле во контакт со Цеца

од Stefanija Kuzmanovska

Како што дознава „Блиц“, фолк дивата Цеца Ражнатовиќ е позитивна на коронавирусот, а во четвртокот се одржа прослава со бројни гости од јавниот живот и сите тие ќе бидат поканети на тестирање.

Имено, епидемиолошката служба побара сите што биле со неа на прославата да бидат тестирани за вирусот, вклучително и познатите личности.

Цеца прво правела серолошки тест од венска крв, кој покажал дека е негативен.

Сепак, таа решила да се тестира и на PCR тест, што се прави со земање примероци од брисеви од грлото и носот.

Резултатот покажа дека таа е позитивна на вирусот.

Слични содржини