Следната дестинација на Рудигер се чини јасна

од Vladimir Zorba

Германскиот репрезентативец Антонио Рудигер постигна усмен договор со Реал Мадрид и речиси сигурно таму ќе ја продолжи кариерата, изјави италијанскиот новинар Фабрицио Романо.

Дефанзивецот на лето ќе биде слободен играч, а неговиот сегашен клуб Челsи веќе потврди дека заминува.

Рудигер има 29 години и помина пет сезони на „Стемфорд Бриџ“.

Доколку трансферот во Реал стане факт, ова ќе биде вториот искусен централен дефанзивец, кого шпанскиот гигант го зема без пари по Давид Алаба пред една година.

За Рудигер интерес имаше и големиот ривал на „белите“ – Барселона, но се откажа поради високите финансиски барања на играчот.

Слични содржини