Следната недела пари пристигнуваат за овие 4 хороскопски знаци

од Stefanija Kuzmanovska

Венера и Меркур влегуваат во Стрелец, па ќе бидеме оптимисти во наредните денови, но ретроградниот Марс предизвикува да направиме погрешна инвестиција. Затоа треба да бидете внимателни и внимателно да управувате со вашите пари.

Астролозите се согласуваат дека ретроградниот Марс е многу потежок и попредизвикувачки астро период од претходниот ретрограден Меркур.

Во неделата која доаѓа, до 19 ноември прилив на пари ќе имаат Стрелците, Скорпиите, Биковите и Овните.

СТРЕЛЕЦ

Венера влегува во вашиот знак, па пристигнуваат вредни подароци. Дополнително, ве очекува деловна понуда која ќе ви донесе дополнителни приходи. Едно е сигурно, ќе успеете да заработите преку договорна работа.

ОВЕН

Венера и Меркур влегуваат во Стрелец, па конечно ќе се опоравите финансиски. Одличен период за игри на среќа, па може да очекувате победа. Исто така, ова е време кога можете да заработите пари од нешто што досега ви беше хоби.

СКОРПИЈА

Ретроградниот Јупитер ви носи пари кои требаше да пристигнат одамна, но се одложени. Исто така, Јупитер во Риби ви носи можност да заработите од креативна работа. Ако се занимавате со угостителство, периодот е добар.

БИК

Венера влегува во Стрелец, па ви носи добар период за решавање на наследните прашања. Тоа може да биде и можност за спонзорство за деловен проект. Ретроградниот Марс во втората куќа ве предупредува да бидете внимателни со инвестициите.

Слични содржини