Следната пандемија би можела да биде уште посмртоносна, предупредува научничката која ја создаде вакцината АстраЗенека

од Nikola Popovski

Следната пандемија би можела да биде уште посмртоносна од пандемијата на коронавирус, предупредува научничката кој учествуваше во создавањето на вакцината АстраЗенека.

-Треба да обезбедиме повеќе средства за да се подготвиме за пандемии за да избегнеме губење на напредокот досега, изјави професорката Сара Гилберт за Би-Би-Си.

Таа, исто така, предупреди дека вакцините може да се покажат помалку ефикасни против сојот омикрон.

-Луѓето треба да бидат внимателни додека подобро не го запознаеме овој сој, додаде Гилберт.

Според неа, вирусите ќе ги загрозат нашите животи во иднина.

-Вистина е дека следниот вирус може да биде полош од овој. Не смееме да дозволиме да поминеме низ сето ова, а потоа да сфатиме дека економските загуби се огромни и повторно да не одвојуваме доволно пари за да се подготвиме за пандемии. Не смееме да го трошиме напредокот што го постигнавме и знаењето што го стекнавме за време на оваа пандемија, рече таа.

Сојот Омикрон содржи С протеин со мутации кои го олеснуваат преносот на вирусот, рече Гилберт.

-Но, има и други промени, а тоа може да значи дека антителата создадени со вакцинација или инфекција на други видови се помалку ефикасни во борбата против овој вид на коронавирус. Додека не дознаеме повеќе, треба да бидеме внимателни и да преземеме мерки за да го забавиме ширењето на овој нов сој, рече научничката од Универзитетот во Оксфорд.

Сепак, намаленото ниво на заштита од инфекција или болест со благи симптоми не мора да значи дека сте помалку заштитени од болести со посериозна клиничка слика или смрт, додава таа.

Фото: DAVID LEVENSON/GETTY IMAGES

Слични содржини