Слепите лица ќе добијат дидактички материјали со Браево писмо во аудио формат

од Берта Китинска

Новата концепција и дигитализацијата на образованието за првпат ќе им овозможи на слепите лица да добијат материјали во основното образование.

-За прв пат во историјата на нашата држава слепите лица добиваат дидактички материјали во основното образование со Браево писмо и во аудио формат. Токму процесот на дигитализација го овозможува ова, а со тоа и унапредување на правото на образование за оваа категорија граѓани, соопшти министерката за образование Мила Царовска.

Од националниот сојуз на слепи на Република Северна Македонија ја поздравуваат заложбата на Министерството за образование и наука во однос на дигитализација и трансформација на образовниот процес.

Посочуваат на значајниот напредок во поглед на основното човеково право, правото да читаат на лицата со оштетен вид согласно новата концепција за образование.

– Првпат досега во независна и самостојна држава Македонија лицата со оштетен вид ќе имаат право на пристап до образование и пристап до учебни и други дидактички помагала под еднакви услови со сечулните лица, односно на еднаква основа со останатата популација. Првпат во Република Северна Македонија процесот на дигитализација ќе овозможи пристапни учебници и учебни помагала за лицата со оштетен вид во аудио формат, електронски формат и на Брајово писмо, но и разноразни материјали за напредување во образованиот процес, различност на содржините, итн, велат од сојузот.

Слични содржини