„Слобода превоз“ го блокираше Скопје, па им се извинуваше преку Фејсбук на граѓаните

од Nikola Popovski

„Слобода превоз“ им се извини на скопјани за блокадите кои што од утрово го парализираа главниот град во државата.

-Слобода Превоз во име на сите приватни превозници се извинува до сите граѓани на Скопје кои денеска и се до решавање на проблемот ќе бидат попречени во нивното движење низ градот. Приватните превозници бараат подршка од сите граѓани се со цел побргу да се изнајде решение на проблемот, објавија од приватните превозници на Фејсбук.

Според нив, сите државни институции во Република Македонија во случајов и Град Скопје треба да покажат и не треба истите да бидат пример како не треба да се работи со парите на граѓаните и да се ускратуваат правата на граѓаните во случајот да имаат колабиран градски превоз и да чекаат со саати автобус на автобуските постојки.

-Овакво однесување на службите во Град Скопје и самиот градоначалник покажуваат дека воопшто не се грижат за граѓаните туку напротив ги манипулираат, посочија од „Слобода превоз“.

Од 6 часот утрово блокирани се три клучни сообраќајни точки во Скопје: крстосницата кај ТЦ Мавровка, крстосницата кај зградата на Црвен Крст и дел од булеварот „Илинденска“ околу просториите на Градското собрание.

Приватниците најавија дека автобусите ќе останат паркирани на овие точки се до конечно решение на проблемот и долгот што го има ЈСП Скопје кон нив.

Слични содржини