Словачка протерува руски дипломати

од Vladimir Zorba

Руски дипломати се протеруваат од Словачка под сомнение дека биле ангажирани во шпионажа, пренесува ТАСС.

Руската амбасада во Словачка не ги коментира овие обвинувања, но портпаролот на словачкото Министерство за надворешни работи, Јурај Томага, ги потврди овие информации, пишува Спутник.

Според словачкиот интернет портал aktuality.sk, руските дипломати биле прогласени за „персона нон грата“ на 6 август.

Министерството за надворешни работи на Русија вети дека ќе реагира со иста мерка на протерувањето на руските граѓани од Словачка.

„Традиционално, ќе одговориме со иста мерка“, им порачаа на новинарите во руското Министерство за надворешни работи.

Слични содржини