Словачка: Зголемена затворската казна на убиецот на новинарот Куцијак

од Nikola Popovski

Врховниот суд на Словачка денеска донесе одлука за зголемување на затворската казна од 23 на 25 години за поранешниот војник Мирослав Марчек, осуден за убиството на новинарот Јан Куцијак и неговата свршеница и бизнисменот Питер Молнар, пренесува ТАСР. Оваа пресуда на апелациониот суд е конечна и таа повеќе не може да се обжали, потврди портпаролката на судот, Александра Вазанова.

Врховниот суд пресуди дека на Марчек, кој се изјасни за виновен, не смее да му се намали казната, а прашањето беше дали ќе биде осуден на 25 години или на доживотна затворска казна.

Иако психолозите тврдат дека е невозможно да се ресоцијализира Марчек, било потребно да се земе предвид фактот дека осуденикот соработувал со членови на агенциите за спроведување на законот по апсењето, изјави обвинителот.

Специјалниот кривичен суд во Пенциок во близина на Братислава го осуди Марчек на 23 години затвор во април годинава. Судот го зеде предвид фактот дека обвинетиот се изјаснил за виновен, дека соработувал со полицијата по апсењето и дека рекол дека жали за убиствата.

Сепак, јавниот обвинител ја обжали пресудата, тврдејќи дека не се исполнети условите за вонредно намалување на казната.

Марчек не бил присутен кога била изречена пресудата, бидејќи тој дал согласност да се одржат рочиштата во негово отсуство.

Поранешниот војник Мирослав Марчек призна дека ги убил истражувачкиот новинар Јан Кучијак и неговата свршеница Мартин Кушнирова во 2018 година, како и дека го убил бизнисменот Питер Молнар во 2016 година.

Злосторството, кое ја шокираше Словачка, доведе до пад на владата, оставки на началникот на полицијата и директорот на Националната агенција за криминал.

Слични содржини