Словачката влада одобри испраќање авиони МИГ-29 во Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Словачката влада одобри испраќање борбени авиони МИГ-29 во Украина, соопшти денеска премиерот Едуард Хегер.

Ескадрила од 11 словачки авиони МиГ-29 беше приземјена минатото лето, а повеќето од нив не се во оперативна состојба, бидејќи земјите од ЕУ престанаа да увезуваат руски компоненти потребни за нивно одржување, пренесува „Ројтерс“.

Киев тврди дека ги има потребните делови, а украинскиот претседател Владимир Зеленски се сретна со Хегер на самитот на Советот на ЕУ на 9 февруари и официјално побара од него да испрати борбени авиони МИГ-29.

Слични содржини