Словенечките угостители планираат да ја тужат владата

од Берта Китинска

Словенечките угостители, кои не работат од октомври поради мерките против пандемијата на ковид 19, во отворено писмо до владата побараа брзи решенија за спас на оваа активност, и најавија можност за тужби против владата поради нејасни регулативи за време на епидемијата.

Во писмото до премиерот Јанез Јанша и министерот за туризам Здравко Поцивалшек, тие предупредуваат на големо зголемување на невработеноста во тој сектор и бараат зголемување на платата за 100 проценти. Тие исто така сакаат владата да размисли за намалување на ДДВ-то за угостителските услуги, одложување на доспеаните кредитни обврски и други мерки што би и помогнале на угостителската индустрија да биде подготвена за периодот што ќе следи по кризата со корона.

Некои угостители најавија и тужби против владата поради нејасни регулативи поврзани со работата во угостителската индустрија.

Слични содржини