Словенец на лотарија доби речиси два милиони евра

од Aleksandar Petrovski

Словенечката државна лотарија денеска објави дека во прво лото извлекување во новата година, жител на градчето Радече ја добил премијата и освоил 1.713.577 евра, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Според Законот за игри на среќа, добивката ќе се оданочи со 15 отсто, што значи дека 257.000 евра ќе бидат уплатени на сметката на општината.

Државната лотарија објави дека добитната комбинација била: 10, 13, 17, 22, 28, 29 и 30.

Слични содржини