Словенија донираше речиси 580.000 дози АстраЗенека за сиромашните земји

од Vladimir Zorba

Словенија ќе донира скоро 580 илјади дози вакцина АстраЗенека за програмата Ковакс, одлучи владата во Љубљана.

Станува збор за 578.336 дози кои биле нарачани преку заедничкиот систем за нарачки за вакцини против Ковид-19 во Европската унија, а се уште не се доставени во Словенија.

Ковакс е меѓународна иницијатива за правична распределба на вакцините што овозможува да се дадат повеќе вакцини на посиромашните земји во светот, до кои е помалку достапна.

Додека членките на ЕУ ефикасно продолжуваат да ги вакцинираат своите популации, вакцинацијата во земјите во развој останува занемарлива, рече словенечката влада во одлуката за донацијата.

Поради трагичниот случај на 20-годишна девојка која неодамна почина по вакцинирањето со вакцината „Џонсон и Џонсон“, Словенија одлучи дека, освен во исклучителни случаи и по сопствено барање, населението ќе се вакцинира само со mRNA вакцини, односно Фајзер и Модерна.

Потребите и интересот за вакцинација со вакцината АстраЗенека се уште се релативно високи на глобално ниво, изјави владата на премиерот Јанез Јанша во образложението на донацијата.

Слични содржини