Словенија дозволи брак на истополови двојки и да можат да посвојуваат деца

од Nikola Popovski

Словенечкото собрание денеска го усвои амандманот со кој се дозволуваат истополови бракови и посвојување деца во истополови бракови, по одлуката на Уставниот суд.

Словенија станува првата земја во Источна Европа која усвои ваков закон, додека повеќето земји во регионот не дозволуваат ни истополови граѓански заедници и бракови.

Во соседна Унгарија, зборувањето за хомосексуалноста пред малолетници е казниво со парична казна од минатото лето.

Слични содржини