Словенија го прошири црвениот список на земји

од Vladimir Zorba

Словенечката влада го прошири списокот на земји што се сметаат за многу ризични и моментно вклучува 58 земји.

Одлуката за проширување на таканаречениот „црвен список“ е донесена доцна синоќа и стапи на сила веднаш, а на неа се додадени и Белгија, Сент Мартен, Екваторска Гвинеја, Фарските острови и Намибија, пренесува СТА.

Ова значи дека секој што доаѓа од тие земји мора да оди во 14-дневен карантин.

Словенечката влада, исто така, донесе одлука да ги отстрани Чешката Република, Малта, Швајцарија и три административни единици на Шпанија – Балеарските острови, Кантрабија и Кастилја и Леон – од зелениот список на безбедни земји и да се пренесат на жолтиот список.

Забраната за јавни собири, исто така, останува во сила.

Слични содржини