Словенија испраќа 16 противпожарни возила и 46 пожарникари

од Vladimir Zorba

По вчерашниот телефонски разговор меѓу министерката за одбрана Радмила Шекеринска и нејзиниот словенечки колега Матеј Тонин, се реализира ветувањето за помош при справувањето со пожарите во Северна Македонија.

Словенија испраќа 16 противпижарни возила и 46 пожарникари да помогнат во гасењето на пожарите низ земјава.

„Се надевам дека ќе ги скротите огновите што е можно поскоро“, и напиша министерот Тонин на министерката Шекеринска, информирајќи ја за брзата реакција на сојузничката земја.

Помошта од Словенија во луѓе и возила се очекува да пристигне најдоцна утре.

Вчера министерката се заблагодари за помошта од соседните држави и НАТО сојузниците и рече дека Северна Македонија може да смета на своите пријатели во неволја.

„Навистина ми е драго што колегата Тонин многу брзо реагираше позитивно, и по првичните најави за помош кои што дојдоа од Србија и Бугарија, имаме ист одговор и од страна на Словенија. Тоа покажува голема солидарност од страна на нашите сојузници и од соседите”, рече министерката Шекеринска.

Слични содржини