Словенија ја отстрани Црна Гора од списокот на „земји безбедни од корона“

од Vladimir Zorba

Откако бројот на луѓе кои страдаат од коронавирус скокна во Црна Гора во последните неколку дена, Словенија ќе ја отстрани таа земја од списокот на безбедни земји од „Ковид-19“.

Црна Гора е последната европска земја во која беше пријавен случај на коронавирус и бројот на пациенти не скокна драстично.

Сепак, по прогласувањето на крај на епидемијата, а откако во регионот, но и во остатокот од Европа бројот на случаи се зголеми, и Црна Гора забележа скок.

Во таа земја се пријавени вкупно 383 случаи, а девет лица починале.

Од друга страна, Словенија прогласи крај на епидемијата, а во таа земја се регистрирани 1.541 случаи, а 28 лица починаа.

Слични содржини