Словенија: Масовно тестирање со брзи тестови до крајот на годината

од Nikola Popovski

Словенечката влада нареди 1,5 милиони брзи антигенски тестови за коронавирус, кои треба да започнат да се користат оваа година, изјавил во четвртокот министерот за здравство Томаз Гантар.

По седницата на Владата, тој додал дека првото олеснување на некои епидемиолошки ограничувања може да се случи следната недела, пренесува Хина.

Тестирањето со антигенски тестови во старечките домови и здравствените установи веќе започна, а сега е наменето за тестирање на граѓани кои самите сакаат и за кои услугата ќе биде бесплатна.

Ова првенствено се однесува на работниците во важната инфраструктура: наставници во училиштата, полицијата и припадниците на војската, а можеби и на вработените во компаниите каде што се појавуваат жаришта или поголем број на заразени, објави Гантар.

Maсовното тестирање ќе се изврши бидејќи Словенија нема доволен број на PCR-тестови, со цел подобро да се контролира ширењето на вирусот кај популацијата и да се идентификуваат асимптоматски случаи, со што се обидува да го намали вториот епидемиски бран, објасни министерот.

Како да се излезе од „црната“ фаза на „семафорот“

Тој потврди дека Владата воспостави план за постепено отворање на одредени активности и ублажување на веќе важечките анти-епидемиски мерки, што е строго поврзано со падот на бројот на дневни инфекции и состојбата на пополнетост на болниците со Ковид- пациенти.

Гантар потврди дека епидемиолошката состојба е сè уште тешка, иако бројот на хоспитализирани стагнира и повеќе не расте во последните седум дена.

Тој очекувал повеќе од заострувањето на мерките донесени на крајот на октомври за намалување на бројот на заразени и хоспитализирани, но очекувал дека „во следните неколку дена“ Словенија може да премине од „црна“ во „црвена“ фаза на „семафорот“, при што некои мерки би биле укинати.

Според критериумите за олеснување на строгите мерки од планот објавен на Твитер во четвртокот од премиерот Јанез Јанша, Словенија во моментов е во „црна“ фаза на семафорот за мерки за олабавување, бидејќи во последната недела има просечно по 1461 инфициран на ден, додека во болниците има 1.289 пациенти. , што сè уште не дозволува намалување на ограничувањата.

Слични содржини