Словенија најави скоро целосно затворање

од Stefanija Kuzmanovska

Словенечката влада донесе одлука во четвртокот за заострување на рестриктивните мерки поради ширењето на коронавирусот, објави премиерот Јанез Јанша и најави прекинување на повеќе економски и јавни активности во текот на следната недела.

Со цел да се запре ширењето на вирусот во Словенија, повеќето непотребни активности ќе бидат затворени – рестораните, хотелите и трговските центри, градинките, студентските домови ќе бидат затворени, но со некои исклучоци, слични на оние кога беа воведени ограничувањата на пролет, при првиот бран на епидемијата, пренесува Хина.

Така, ќе се отворат кантини во работни организации, болници, испорака или земање храна ќе бидат овозможени со мерки за заштита, а локалните власти ќе бидат повикани да овозможат згрижување на деца од градинка за вработените во неопходните јавни служби и компании.

Повеќето одлуки за новите мерки ќе стапат на сила во сабота и ќе важат најмалку седум дена.

Следниот четврток, владата ќе донесе одлука за продолжување, заострување или ублажување на некои од мерките, во зависност од развојот на епидемиолошката состојба.

„Недела на борбата“ против вирусот

На прес-конференцијата во Љубљана, Јанша рече дека е оптимист дека ширењето на вирусот ќе биде ограничено, затоа што сега сите разбираат дека станува збор за „опасност што не бира“.

„Следната недела ќе биде недела на борба, недела кога ќе треба да го ограничиме вирусот“, рече тој.

Тој додаде дека режимот на новите мерки ќе биде сличен на оној што беше на сила во пролетта, но оти се надева дека тие ќе бидат во сила сега за пократко време, бидејќи вирусот сега е многу помалку непознат од тогаш, иако поради студениот период сега поголем.

Јанша рече дека Словенија е во тешка ситуација, но дека е слично и во другите европски земји, дека Владата е во контакт и комуникација со другите европски влади, разменувајќи искуства со нив.

„Преговараме со други европски земји за заемна помош“, рече словенечкиот премиер, додавајќи дека солидарноста е потврдена за време на неговата телеконференција денес со германската канцеларка Ангела Меркел.

„Ни беше понудена помош со критична медицинска опрема ако ни треба“, рече тој.

Се разгледува масовно тестирање

Тој додаде дека мерките донесени од Владата не вклучуваат затворање во рамките на општинските граници, како што беше случајот на пролет, иако оваа можност не е целосно исклучена со оглед на ситуацијата, но дека затворањето во рамките на статистичките региони останува на сила, а сега сите 12 словенечки региони се во „црвено“, со регионални заклучувања и забрана за напуштање на границите на регионите, освен за одење и враќање од работа.

Јанша рече дека Владата исто така разгледува стратегија за масовно тестирање на коронавирусот на целото население со брзи тестови, како што веќе имаат направено некои земји, но сè уште не е донесено одлука за тоа и ги замоли сите што можат да инсталираат мобилна апликација за следење контакти на нивните телефони, така што вирусот може подобро да се контролира.

Во врска со работниот процес, Јанша рече дека на сите производствени и услужни организации им се препорачува да организираат работа од дома, каде што е изводливо, и каде што продолжува работата во компаниите за строго применување на епидемиолошки мерки.

Што се однесува до режимот на границата, тој во моментот не се менува и можен е транзит од други земји и во други земји.

 

Слични содржини