Словенија: Од коронавирус почина 51 пациент

од Stefanija Kuzmanovska

Денес, Словенија забележа 428 нови случаи на коронавирус, 51 пациент починал.

Во неделата се направени 1.880 тестови, а процентот на заразени во споредба со испитаните падна на 22,77, од над 30 проценти претходниот ден.

Владините податоци покажуваат дека 1.298 лица се во болница, од кои 205 се на одделите за интензивна нега, а 36 пациенти се отпуштени од болницата.

Словенија досега потврди повеќе од 75.800 случаи.

Слични содржини