Словенија прогласи нова Вонредна состојба до 17. декември

Во Словенија продолжува вонредната состојба уште дополнително 30 дена, со цел да се преземат мерки за забавување на ширење на заразата, а оваа одлука на сила ќе стапи утре, соопштија од Љубљана.

Првата одлука за прогласување на епидемијата, донесена на 19 октомври, утврди еден вид вонредна состојба со најкратко траење од еден месец, како правна основа за усвојување епидемиолошки и други мерки за спречување на напредното ширење на коронавирусот.

На денот на првата одлука за прогласување епидемија во октомври, во Словенија беа регистрирани 726 нови инфекции, а вкупниот број на смртни случаи изнесуваше 188, но ситуацијата подоцна значително се влоши, и покрај поригорозните мерки.

Во последниве недели имаше и над две илјади новоинфицирани лица на ден, бројот на смртни случаи се зголеми на 831, а во болниците имаше скоро 1.300 пациенти, што создаде проблеми во функционирањето на здравствениот систем.

По воведувањето на затворање на крајот на октомври со забрана за движење надвор од општинските граници и во текот на ноќта, оваа недела стапија на сила нови ограничувања со кои се ограничуваат сите контакти и собири надвор од најблискиот семеен круг, а продавниците се затворени, освен продавниците што продаваат храна и неопходни намирници.

Словенечките епидемиолози сметаат дека за десет до 14 дена, поради ограничувачките мерки, ќе има постепен пад на бројот на новозаболени.

Слични содржини