Словенија се одзвала на барање на Владата на РСМ, а не на Мицкоски

од Vladimir Zorba

Република Словенија се одзвала на барањето на Владата на Република Северна Македонија за хуманитарна помош преку механизмот на Европска Унија во рамки на цивилната заштита со цел спречување на ширење на болеста КОВИД 19.

Вчера, со специјален лет беше доставена хуманитарна помош во вредност од 110.000 евра.

На профилот на Твитер на Министерството за одбрана на земјата со пораки ,,ние сме НАТО, заедно посилни“, е објавено дека е транспортирана солидарната помош од солидарниот фонд на ЕУ.

Инаку ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, вчера оваа помош си ја препишаа како своја заслуга, а техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, сам да ја пречека на аеродромот.

Во пораката објвена на социјалните мрежи тој му се заблагодари на Мицкоски затоа што, како што тврдат, ден претходно разговарал со премиерот Јанез Јанша, што според нив, резултирало со оваа хуманитрнаа пратка.

Слични содржини