Словенија со донација во вредност од 110 илјади евра во заштитна опрема наменета за полицијата (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Денеска на Меѓународниот Аеродром Скопје министерот за внатрешни Чулев ја прими донацијата од Владата на Република Словенија за Министерството за внатрешни работи што се состои од 100 илјади маски и 100 илјади ракавици во вкупна вредност од 110 илјади евра.

„Имајќи го во предвид моментот во која таа доаѓаистата е од исклучително значење за нас. Во оваа прилика сакам пред се во мое, и во име на Министерството за внатрешни работи да се заблагодарам на словенечкиот премиер Јанез Јанша и нашите пријатели од Словенија. Секоја донација и секоја помош е исклучително важна и значајна за Министерството за внатрешни работи и истата ќе ги зајакне и поддржи нашите секојдневни напори за заштита на полициските службеници кои во рамки на своите работни обврски и задачи деноноќно се изложени на ризикот од зараза со корона вирусот“, истакна Чулев.

Слични содржини