Словенија во август воведува апликација за следење контакти

од Stefanija Kuzmanovska

Апликацијата за следење на контакти заразени со коронавирус, која Словенија ќе ја развие со употреба на германско решение со отворен извор, ќе биде доброволно за сите, изјави денес словенечкиот министер за државна администрација Бостијан Коритник.

Владата претходно се обиде да ја направи задолжителна инсталацијата на апликацијата за оние со потврден Ковид-19 и оние кои беа испратени во карантин, објави СТА.

Германската апликација веќе ја користат неколку милиони луѓе во Германија, и неколку други земји, и е заснована на технологија развиена заедно од американските технолошки гиганти „Гугл“ и „Епл“.

Германската апликација користи Bluetooth технологија и не чува податоци за локацијата, што е главната грижа на корисниците.

Како што рече Коритник, единствената цел на апликацијата е да ги извести луѓето дали биле во контакт со некој кој е заразен.

Апликацијата мора да биде готова до 1 август, објави агенцијата.

Слични содржини